чисти (гл.) - снег (имн.)

Покривите од неколку земјанки веќе беа пропаднати и сега луѓето се плашеа за куќите, па со качување или со предегање го чистеа снегот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Маалското дружење се сведува на случајни средби додека искачаш од дома, шишаш трава или чистиш снег.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Слегуваат железничарите и патниците и го чистат снегот, го клоцаат, го туркаат, со голи раце го ринат од пругата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го чистиш снегот и пред нејзината куќа зашто така си васпитан од мали ноги.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)