Кога старецот го читаше писмото, коските му се тресеа.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
И кога пак на грчки ѝ го читале писмото за двајцата внуци кои лани останале меѓу карпите на Клефтис во Грамос, дека и тие јуначки отстоиле за славата на Грција, тогаш нејзиното срце не дознало гордост, не почувствувало достоинство, туку се згрчило во непреболот и во навредата затоа што тие, имајќи своја земја, свои корени натопени со крвта на толку други јунаци, во писмата и пишувале оти загинале како Грци за Грција, а неа затоа што не го знае грчкиот јазик и в црква не го разбира попот грчки и не знае на грчки да му се моли на Бога, ја презираа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Да, отиде да им го чита писмото на други, небаре тоа среќа им носи... Дедо Мраз, ебаго...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Карев продолжуваше да ги отвора и да ги чита писмата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Имаа развиена силна интуиција за нештата, ги насетуваа работите пред да се случат, умееја да го читаат писмото на небото: дали се тоа облаци, ѕвездди, обликот на месечината, сончевите трансформации- при изгревот и при заоѓањето!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Откако ја избра најдобрата положба, почна да ги чита писмата, онака едно по едно, без брзање.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Додека јас го читам писмото, во офф одекнува гласот на сестра ми Фелон следен со мелодраматична музика: „Драги мој брате Стивен Керингтон, Овде во Денвер е лудо и незаборавно и штета што те нема да шизиме заедно, а не само мене живец по живец да ми корнат... Во превод: полудевме!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Ќе се скријам и ќе ги читам писмата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Му го читаше писмото на Хелвиг.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
ИЛИЈА: Добро си направил (му дава кутија со тутун да направи цигара и потоа го чита писмото).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Поминаа денови и денови и писмото можеше едноставно да се стопи од жештината на нејзините полни гради, почна да се титка, некои букви да бледнеат, други да се разлеваат и Чана мораше да почне да им го чита писмото додека уште можеше да се види дека навистина е писмо. Најпрвин ѝ го покажа на Митра.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Затоа ја натерал малечката ќерка да го чита писмото, а тој да патува заедно со Димостена, да ги види нејнте људе, на Димостена, во то Велесот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Во мигот кога започнав да го читам писмото шифрантот на амбасадата Петар Иваз ми ја донесе фасциклата со дешифрираните телеграми кои стигнуваа од централата, а кои морав да ги прочитам во негово присуство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сигурно ќе биде среќна кога ќе го чита писмото?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ракописот беше убав, неизменет уште од времето кога како дете сираче, останата без мајка, еден период живееше кај својот вујко во Солун, учеше кај солунските лазаристи француско училиште.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- А јас, братче, помислив дека си се забудалил кога го читавме писмото и кога те видовме искочоперен крај Буза, - рече Танас мавтајќи со рацете.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ако мислиш со него да ме одвратиш да не го читам писмово, се лажеш.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ФЕЗЛИЕВ: (Откако ќе го погледа Лукова.) Добро. (Почнува да го чита писмото.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ЛУКОВ: (Веќе смирен, седнува да го чита писмото.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)