И тој не сака да и се доближи; ја чува нејзината недостижност станувајќи и самиот недостижен за сите оние на кои едноставно , како да зборува за дождот или изгревот, ќе им раскаже за Рубина Фаин и за јапонското столетно стебло во плиток сад, за она дрво што и сега, по толку децении од средбата на Кристапор Микелајн и Жорж Лоран, е живо и со жив корен во грдулка земја.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)