Кои вистини и да ги употребиме, кој пат и да го избереме, секогаш со нас ќе носиме тежок товар и секогаш кога покрај патот ќе не пресретне некоја болна судбина и мрачна вистина ќе чувствуваме грижа на совеста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Во секој случај авторот не чувствува грижа на совест што му се случи да земе удел во балканскиот синџир на трговија со бели робинки.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ја вртам главата при погледот кон гитарата – чувствувам грижа на совест.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Има ли злодело што застарува? Има ли некој кој чувствува грижа на совеста?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А татко ти тогаш ти рече: „Сине, тоа е голем грев, тоа што наумил волкот да го стори“, но и ова го рече на оној негов чуден руски за кој сите го исмејуваа па и тогаш кога тој се напнуваше да ги увери присутните дека сите ние сме славјани и едно племе и дека треба да господари разбирјатељство помеѓу нас и да чувствуваме грижа едни за други, а јас, за да го смирам, морав да го повторам она што и пред тоа многупати му го имав речено: „Руски човече, побрзо јас ќе се разберам со своите мртви одошто ти со својата болка и со нас живите“, па тој веднаш замолкнуваше, се престоруваше најситно зрно просо и заминуваше во Горнидвор за да се качи на дудинката; беше и возрасен, и умен, а со срамно детско однесување.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)