Се будам, сѐ уште го чувствувам мирисот на розите, се смеат.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
- Каде е пожарот? - се прашуваат самите. - Не се чувствува мирис на чад.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Во ниту еден наш театар нема кујна во која можеш да се насркаш топла манџа, ама скоро во сите се чувствува мирис на запршка.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Јас не се сеќавам на ниту една манџа од кујната на нана ми, а сепак ден-денес го чувствувам мирисот на запршките.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Јас чувствувам уште еден мирис освен оној што те следеше од болницата до овој стан. чувствувам мирис на друга жена.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Онисифор Проказник му пришол полека на другиот Онисифор.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Иако не гледал во него, без причина наеднаш чувствувајќи мирис на бадем или на летно испарување на засечен афион, знаел дека тој држи нож во рака.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Влегуваме во дворот во кој се чувствува мирис на што туку искосена трева.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
На таа полјанка, порано, заедно си играа децата од улицата – Девиневци, Вотеровци, Дановци, малиот Кеог Куциот, таа со своите браќа и сестри.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ја беше навалила главата на завесите, а во ноздрите го чувствуваше мирисот од правлив крепон. Беше уморна.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Го чувствувам мирисот на ракетата што зоврива напладне. Стојам под вратата.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Има нос со совршена форма, ни прчест ни кукаст, и кога ќе застане пред мојата машина чувствувам мирис на мистериозна колонска вода.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Но дебелите жени од Галвестон се потат како коњи.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Кога толку многу ќе ми се приближи гледам дека белата кошула не му се лепи за ниеден дел на телото затоа што тој не се поти.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)