Јас, која сѐ уште сметам на тоа дека сум писател, се чувствувам беспомошна, немам начин да ги уловам сите негови гримаси.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тоа беше крупно, меснато и брутално; беше полно со интелигенција и со еден вид контролиран занес, пред кој тој самиот се чувствуваше беспомошен; но беше уморно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ема ми легна со главата на градите. Знаев дека ме сака.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Се чувствував беспомошен, распнат помеѓу судбини на луѓе кои ми се ѕвереа од темнината, ми кажуваа нешто со мимики, ми се закануваа, ме влечеа низ трње и змијарници, и фрлаа по мене со сè што ќе им дојдеше под рака, ми се смееја и плачеа над мене.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Се чувствував беспомошна.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Се чувствував беспомошна.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Тој се чувствуваше беспомошен, слаб, чувствуваше дека ќе заплаче.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Најтешко е кога човек се чувствува беспомошен. Осамен. Уплашен.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Не ретко, со солзи излегуваше од канцелариите. Се чувствуваше беспомошна било што да им одговори.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)