Овде горе, човек се чувствуваше осамен и таа самотност, тешка и непријатна, тежеше - дури и плашеше.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Татко со многу зборови никогаш не се чувствуваше осамен во животот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Беше очигледно дека тој не можеше да ги опфати сите, да ги зароби главните водачи во својот жолт нотес.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој се определи за следниве најчести заемки: аршин, најраспространета заемка за означување должина, ширина и височина (62-75 см), (од турски аrşin); ока, мерка за тежина, 1 238 г (од турски okka); чифт, пар, рало (од турски çift); еден, непарен, осамен (од турски tek); ѓутуре, кутурица, нешто земено без мера, на куп, наеднаш (од турски gütüre); карар, мера, умерено (од арапски ḳarār); ајар, мерка на чистотата на златото, а и точно и прецизно регулирање на саатот (од арапски ʿiyār); фира, тоа што се отфрла при мерењето и почесто при изработувањето на нешто, отпадок (од персиски fru); урнек, јурнек, образец, пример, кројка, модел (од турски örnеk) Климент Камилски се чувствуваше осамен на бојното поле со турцизмите кои го напаѓаа од сите страни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А можеше да биде и поинаку, ако сега тие тројцата - таткото, другата жена и братчето ѝ се чинат на Марина нешто посебно, друго, и уште повеќе ја тераат да се чувствува осамена.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Се чувствувале осамени и копнееле по неговото болно плачење.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Осамениот волк што ги следел пред тоа, доколку тоа не бил отфрлен пес со глас на ѕвер, презафатен со изобилие на мрши и оставени дробови и коски, со тоа дотогаш невидено богатство, не ги следел веќе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
За првпат тој ден се расплакав и не бев сигурен дали плачам заради дедо ми или заради Синга кој сега се чувствува осамен и напуштен.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Потоа следеше долгогодишното и интелектуално плодоносно пријателство со големите поети на Франција од различни генерации како Андре Френо, Ежен Гилвик, Анри Мешоник, Робер Мале, Жак Гошрон, Жан Русло, Серж Фошро (критичар и есеист), Филип Делаво и други, кои на еден емотивен начин се приврзаа за Македонија, за Езерото, како делови од нивната универзална татковина на животот, и на чие пријателство, поддршка и разбирање можев да сметам во моите париски дипломатски години...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бургиба оттогаш посилно отсекогаш се чувствуваше осамен.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
XXI Во свет без илузии и без светлина човек се чувствува осамен, туѓинец.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И надвор во игрите, прифаќајте го и не оставајте го да се чувствува осамен и туѓ.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Тоа на Аце тешко му паѓаше. Се чувствуваше осамен, празен, потиснат од другар со кого толку години беа заедно и кои не можеа еден без друг.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
„Што?“ „Тоа е првпат да признаеш дека се чувствуваш осамен.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)