Една вечер ми кажа дека тој е всушност од Сиетл, и сето време додека зборуваше како таму е убаво и како воздухот и реките се чисти се чувствуваше страшна носталгија за домот. чудно е, но се сеќавам дека таа вечер, додека зборувавме во Ондин, Друидсите ја свиреа „Wild thing” од Трогси - песната која Џими така фантастично ја отсвири идната година на Филмур Ист, во својот prince pirate look - зелена плишана кошула и мускетирски шешир со црвенкаст пердув.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во заматената глава чувствуваше страшен притисок. Ѝ се чинеше дека сите возила доаѓаат накај неа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)