Имаше меѓу овие зборови и тишина која беше всушност мајчиниот јазик, неискажани значења, кои продираа до душа, завршуваа во голема порака која може да ја подари само душата на една Мајка.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Чувствуваше длабоко во себе некакво победничко чувство чија смисла ја разбираше само тој и не можеше да му ја пренесе на друг.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Чувствував длабоко во неа дека тивко ме прекорува што пресилно и пребрзо сум ја предизвикал големата Историја, за која и Татко би имал поздржан однос.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)