- Веројатно за да видат како ќе се чувствува надвор од болницата.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Не велам дека не е интересно, но поради тоа не значи дека подобро се разбира, зашто понекогаш се чувствува надвор од тоа материјално и прецизно расчленување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Го сфатив јас тоа уште веднаш. Вие сте овде како на еден долг одмор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Вам ова што го нарекувате затвор, ова овде ви е ослободување од затворот што сте го чувствувале надвор одовде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Да, вие сте овде навистина како на еден долг одмор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа е прекрасно, навистина прекрасно: вашите браќа плаќаат за вашиот престој, вие уживате во слободата во овој затвор, како што ја нарекувате нашава болница, наспроти неслободата и присилата кои сте ги чувствувале надвор одовде, неслобода и присила далеку помали од оние кои ги чувствуваат вистинските болни, секако, вашата неслобода и присила се сведувала на семеен конфликт, а не на длабок раздор во себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)