чуе (гл.) - глас (имн.)

Кога ќе го чуеш гласот од другата страна кажи му: Дојди, го посакувам!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ајде сега земај го телефонот и врти! (Тики станува и го зема телефонот.) 334-774-23.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тароти, гравови, лаптопи, а богами има и такви на кои не им требаат никакви реквизити туку само што ќе ви го чујат гласот ви прогнозираат 30 години унапред шо ќе ви се деси.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Никаде да се види некое друго градилиште, ни да се чуе глас на мајстор или звук на мистрија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тие уште не слегнаа од коњите, кога чуја глас, што ги вика.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога ми го чуја гласот ме препознаа, поцрвенаа, а потоа почнаа да ми мавтаат со рачињата гледајќи низ мене: како помодрува денот, како се скаменуваат боските на мајка ми и постапно како никнува трева меѓу моите коски.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Како што Томе го приближи кучето, така Митре му го стави тељот со дупалки на кучето околу вратот, му го стегна, кучето зацвика, ама додека да му се чуе гласот, тој го обеси на гранката од дабот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Од отворениот прозорец го чув гласот на Пенча.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Што разговараше со Ана? го чув гласот на петнаесетгодишниот слаткарски помошник Аким, роден ајдук со широки раменици и криви нозе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во еден миг, не знам од каде, од која посока, од која висина, или од која длабина, повторно го чув гласот на пријателот: „Памти ми ја думата; Внимавај на чумата“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тогаш чув глас: „Готово е. Конечно срцето ти е кај мене замотано, во моето ледно ветре.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но сенката стоела на долгнавест прозорец. Го препознал натрапникот, веќе знаел кој е уште пред да му го чуе гласот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бегајте, мртви, се фатил со обете раце за накривен кол во оградата од дабови прачки, ова е свет на живите, вратете му се на гробот, останете меѓу камења, меѓу скаменети полжавчиња и мравулници, вратете се, вратете се.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ИЛИЈА: Сношти, и штом дојдов веднаш излегов и се поврткав под пенцерињава твои да те видам, но го чув гласот на мајка ти и си отидов.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Се стемнуваше, говедата рикаа, по тоа знам дека се стемнуваше, кога го чув гласот од Ангелета.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Затвори му ја устана на дерлено, вели Доксим Тренчески, не знаеш кој ќе го чуе гласот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој ја стискаше цврсто за рака како што давеник стиска спасител и никако не се делеше од неа, а ако таа го оставеше за малку, тој веднаш ја бараше, ѝ викаше да ѝ го чуе гласот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Јас се израсплакав, не знам дали оти го видов во монашка одежда или оти однапред го доживеав она што ќе го доживее Лена, кога ќе му го чуе гласот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ако луѓето се концентрираат и убаво се вслушнат во шумот на лисјата, ќе си го чујат гласот, шепотот на својот најмил што му лежи во гробот: татко, мајка, сестра, брат, чедо.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сите што беа будни го чуја гласот, ама ниеден друг глас не се залепи за него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
ГЛАВА XV Излегување од системот Конструктивните мисли на еден пушач на луле Авто-реф и Авто-реп Великрак, навистина ГЛАВА XVII Черч, Тјуринг, Тарски и други SHRDLU, Да се чуе гласот твој ГЛАВА XVIII Вештачка Интелигенција: минато Контрафакт ГЛАВА XIX Вештачка Интелигенција: иднина Канон на мрзеливецот ГЛАВА XIX Чудни Јамки или Заплеткани Хиерархии Ricercar во шест гласа превод на Воведот и Канцер Канонот: Хашим Кучук Хоки превод на Канонот со зголемување на интервалите: Г.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Влезе во станот и не ја виде жена си ниту ѝ го чу гласот, но таа беше таму, па тргна кон столицата сакајќи да остане незабележан, но таа го гледаше додека ја допираше столицата и додека немо седнуваше. Седеше долго така. 85
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тие ѝ го здогледаа лицето и ѝ го чуја гласот: „Седнете, деца, седнете!“ ја крена раката и ја турна кон нив, „стасавте токму навреме.“ 88
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Убаво е да се вдишува воздухот и добро е да се чувствува сонцето со кожата, како со својата топлина продира сѐ подлабоко, и добро е да се чувствува градбата на костурот, прекрасната конструкција скриена длабоко во топлото месо, и добро е да се чујат гласови многу почисти и многу побрзи од оние во каменените длабини на бунарот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мирче, онаков мирен и добродушен, па уште и кога го чу гласот на деда Бошка, веднаш им отвори.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога ќе излезевме на одмор, учителот кришум се допираше до него да му чуе глас, да види дека навистина не е нем.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Му се кладе учителот: сè што знаеше и умееше употреби само да го зазборува, да му го чуе гласот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Главата се откриваше од затегнатата, свежо избричена брада – тука, на просторот меѓу белата крагна и цврстата брада запрев – во адамовото јаболко, што најпрвин се искачи под голтката, а потоа повторно го чув гласот, мојот глас: - Дојдовте?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Можеш ли да го познаеш моево лице меѓу илјадници други, можеш ли во темнината да го видиш сјајот во моите очи, а во тишината да го чуеш гласот на мојава душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сѐ уште спиев кога шепотот на утрото ми го украде сонот, тогаш кога бев само дете, но секое наредно утро сѐ до крајот ќе го барам тоа што одамна ми беше одземено.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Точно. – упадна куклата – убавица – Го чув гласот, но не знаев чиј е.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Потоа го чувме гласот на мајка ми кој нè доикуваше за заминување.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Како што влегувавме во улицата под куќата наша, така веќе чувме гласови на други фамилии што доаѓаа од таа страна и исто така одеа в црква.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Братучедите се умеа што прават, дали да станат да ги размрдаат нозете, да се прашаат некако или да не мрдаат ако не сакаат што не им треба и туку тогаш од зад себе го чуја гласот на Љакета како им вели: - Станете ако сакате.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Едо не можеше да чуе глас, но зборовите што на шејтановидното старче му излегуваа од устата како да исплукува кршени камчиња што звучеа како пцости упатени директно нему.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас дека занесена на друго, да не можам да му го чујам гласот на детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе си одам некаде и ќе му го чујам гласот, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Напати ќе чујам глас што ми вели да бегам, но јас не можам, отсечени ми се нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А низ отворениот прозорец јас можев да ѝ го чујам гласот: - Деца, ова е моја праска.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Токму во таков еден миг, кога бев опседната со тие мисли, го чув гласот на Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Убаво го чув, јасен и одблизу, а никого немаше крај мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)