чуе (гл.) - истрел (имн.)

Сеизот на Назлам-бег, не втаса ни да ја сметне пушката од рамото, кога од пченките истрчаа десетина вооружени комити...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во тој момент Турчинот секавично го извади револверот. Се чу истрел.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„Свињо...“ Капетанот го чу истрелот и се изненади од неочекуваната тишина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Чу истрел и виде долго тело во кабаница за дожд легнато на калдрмата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)