Како и колку бргу тоа сум го направил, не знам, само таа списка силно, чуја соседите од спротивниот стан и дотрчаа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Не за друго, ами да не чујат соседине. Што ќе речат? Гледај ги чорбаџииве, се фатиле како џамбази за гуша...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Оној ден кога ветеринарот Скрез го мобилизираа за на фронт, Цанулица му се врати на Цанул; заживеаја одново како младенци како првпат да стапуваат во брак; Цанулица се разубави, стана уште поубава; Цанул од очи не ја испушташе: кај одеа, одеа заедно, што правеше едниот, тоа правеше и другиот; Цанулица, метејќи го дворот, пееше колку глас ја држи за да чујат соседите, да ја чуе секој што ќе помине, а Цанул, подмачкувајќи ги вратите на куќата да не чкртаат, дуваше во носот и ѝ помагаше во пеењето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)