Јас заборавав на себе: чекорев по улиците, ги минував мостовите, се загледував во реката, понекогаш го кревав погледот кон небото, седев на некоја клупа, навечер се будев и гледав во мракот; сето тоа го правев јас, но мене ме немаше, а Рајнер беше секогаш тука – помислата дека на една млада жена ѝ ги шепоти зборовите на нежност, претставата за нивните тела како се соединуваат, претпоставувањето на нивната иднина, онаа иднина за која некогаш мечтаевме Рајнер и јас – за вечна љубов, семејство и дом во Венеција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Впрочем ваквите состојби, што ги предводи тагата и вознемиреноста, немаат дестинација, не знаат од каде доаѓаат, ниту пак каде и кога треба да запрат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ги шепотам зборовите засекогаш, прв ден, вчера, а можев да речам и сега, па дури и штотуку, (ги шепотам без одредена намера, дури и без некое посебно чувство сите овие толку далечни и неодредени зборови) а сигурен сум дека тагата и немирот никогаш не почитувале временски и други определби.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тие нешта беа во мене повеќе од мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)