шета (гл.) - во (предл.)

Ми шепоти: доаѓам од кај морето а Хелен уште чека на брегот шета во залезот и копнее: на секоја самогласка од песната што ја пее светка по една ѕвезда а на нејзината коса еден славеј чека да изгрее месечината. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Другиве шетаат во групи на „Каракој“ во Истанбул и групно разгледуваат по излозите во кои живо месо бело, а и обло, се нуди како јаболка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
ТОМЧЕ: (Шета во нестрпливо исчекување.) Еве ги! Ама што да им речам?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ВТОРА ПОЈАВА ТОМЧЕ, ЕФКА И СТОЈАНКА
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Уште утре ќе купиме куче и потоа нема да имаме потреба од преговарање дали сакаме да шетаме во паркот, секогаш ќе мора да шетаме, ќе мора него да го шетаме, шетањето ќе стане нужност. (Кога не му паѓа на памет да шетаме дете - ќе шетаме куче).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Шеташе во дворот. Блиску до прозорецот од неговиот кабинет...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
МАТЕЈ: Нервозен си? БОРИС: Не. Напротив. Вака шетав во ќелијата.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Пелагија, во деновите кога не се работеше, а тоа беа само неделните денови, ги отфрлаше машките пљачки, се пикнуваше во своите фустани и со момичката во раце и Мурџо крај нив, шеташе во маалото од улицата Ѓоновиќ сѐ онаму до шепотот на Вардар со надеж дека ќе пронајде некое одајче каде ќе можат да се преселат.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во случајов бев убеден дека натрапникот од предмалку никогаш се нема соочено со проблеми слични на моиве.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа и некој чудак, кој шета во близина, или пладнува во својата мирна чувствена градина при случај на отворена врата наеднаш ќе се вознемири и притоа неосновано ќе го оцени нашето однесување како недопустливо.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Секој ден, по цел ден, тој шеташе во градскиот парк и хранеше гулаби со трошки леб.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Почнала да се движи, сама да јаде и да се бања, да шета во паркот, и да ткае во работните часови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Единствено кога ја посетувале родителите и ќеркичката, како да се враќала во дел од минатото, и целата се вкочанувала.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не, не ми шета во главата! Погрешно разбра! Реков дека ми шета одоколу!“
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тие, исто така, меѓу себе се пријатели, какви што светот не произведе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Антон Прокофјевич Пупопуз, кој сé досега шета во кафениот долг капут со сини ракави и во неделите руча кај судијата, велеше дека самиот ѓавол со јаженце ги врзал Иван Иванович и Иван Никифорович.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Понекогаш се случува да станува ноќе и да шета во сон... Управникот подзина, се стипсоса.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)