Во последните дваесет и четири часа имав чувство дека е потребно да направам само мал напор и конечно да се откачам од својата корупка којашто веќе гниеше и можеби веќе ја ширеше наоколу својата реа.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Оваа мрежа на идеи и вредности ги содржи: претставата дека стигмата на хомосексуалноста може да се надмине не со отпор кон неа, туку со нејзино прифаќање; откажувањето од секакво очекување дека ти следува да те сфаќаат сериозно; ироничното гледање на сите општествени идентитети; навиката да се третира автентичноста како изведба на автентичност; одбивањето да се уважи како достоинствено страдањето на поединците кои се нашле во ужасни и трагични ситуации, дури или особено кога ќе се погоди баш ти да бидеш еден од нив; истовременото заземање на општествено повисок и општествено понизок став, што подразбира постојано унижување на самиот себеси; отворено признаената срамотност на сексот и демократизирачкиот порив таа срамотност да се шири наоколу; антихиерархиската инклузивност на камп-хуморот, неговото себенеизземање и неговата постојана функција во создавањето заедништво.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
XVI Ручокот на Комисијата беше приреден на островцето обградено од бистрата изворска вода под жалните врби што своите гранки како зелени чипки ги спуштаа до земја; водата околу нив се прелеваше во зелени и светли тонови, по неа лебедите оставаа меки трагови доаѓајќи сосем блиску до огништето каде што се печеше прасето; калуѓерите се сменуваа вртејќи го раженот и плакнејќи ги лицата со студената вода; миризбата од вцрвенетото прасе што капеше на жарта, се ширеше наоколу дразнејќи им го желудникот на полковниците, игуменот, отец Иларион и отец Серафим кои седеа крај масата и пиеја; отец Серафим пак им наточи од најубавото вино, и додека чекаа да се испече прасето, им раскажуваше дека во турско време имало многу лозја во манастирот, а и во селата, зашто луѓето, за да се ослободат од големите даноци што власта им ги наметнувала за житните насади, тие нивјето ги засадувале само со лозја, зашто Турците не земале данок за лозјата, не собирале грозје, зашто не пиеле вино.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И една лоша смрдеа се шири наоколу: на сретселото, меѓу куќите, низ куќите, низ цело село.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но, постојат зборови, кои имаат ефект на пеперутка, кој полека, дури и без намера се шири наоколу.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)