ПРО - Еден ропак сакал да стане баба, и отишол на проба во болница. „Чисто да проверам“, прашал еден лекар: „Ти си про-бабски расположен?“ „Сум! Нема проблем за тоа“, рекол ропакот. „Добро“, рекол лекарот, „на оваа проба малку ќе те побараме, а утре фино ќе тре пребараме, да го најдеме бабскиот никулец! Така ли? “ „Само пробуричкајте“, рекол ропакот, „конечно за да се пробие затворената баба, и да прогледам просто, да се провеселам!“ „Си го гледал Психо?“ прашал лекарот. „Не, зошто?“, прашал ропакот. „Онака. ќе ти се пробистреше проблемот“, рекол лекарот и му шприцнал анестезија на ропакот.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)