Обично кога влегуваше во својата библиотека, застанат првин крај отворениот прозорец на чардакот, ја вдишуваше свежината на воздухот која идеше од модрите води на блиската река и густите врбјаци на самиот брег, потем стапуваше во својата библиотека, за со погледот кој шеташе од рафт до рафт мило да ги погали книгите, како свои верни чеда, кои постоеја за да ги штитат неговите вистински чеда.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Под “амортизери” подразбирам социјална и емоционална слобода телото да се ускладува со околината на начин кој ја штити неговата слобода да донесува одлуки без пречки, начин кој води сметка за она што е најлично.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ваквата новација значеше бришење на дотогашната законска забрана за полова дискриминација во делот на остварувањето на правото на работа каде се нормираше дека и жените и мажите можат да бараат од работодавачот продолжување на договорот за вработување до навршување на 65 години старост; в) Кај прописите за заштита при работата беа воведени две нови обврски за работникот и тоа: ● со измената на чл. 32, освен дотогашната обврска на работникот да ги почитува и спроведува прописите за заштита при работа, како и да го штити неговиот живот и здравје, како и здравјето и животот на другите лица, беше воведена нова обврска, која нормира дека обврска на секој работник е да постапува согласно обуките и „инструкциите“ кои му се дадени од работодавачот, да биде запознаен со мерките за безбедност и здравје при работа и да биде обучен за нивна примена.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)