ѕирка (гл.) - од (предл.)

Големите, намуртени, испотени глави на нашите балкански пливачи ѕиркаат од водата и не се обѕираат на непримерната сценографија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Оттаму, кога ќе се вратам во Колсил, мојата англиска „резиденција“, ги препознавам луѓето и куќите како да се комшиски, а вечеринките, во пријатно друштво, се како необврзана подготовка за „лека ноќ“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Момчето Момчило ѕирка од чашката на афионот. Петгодишниот Момчило, кој се задуши јадејќи цвеќе.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
18. Дали навистина постоела онаа самовилска атмосфера на играта, со прекрасните андрогени играчи, потполно предадени на мигот, додека волшебниот прав се истура врз главите на збунетите дворјани, аматери, воајери што ѕиркаат од страните, залудени од фантазмите на магијата и метаморфозата?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ако ми се качи горе, како што не е портана заклучена, не ми останува ништо друго освен да се фрлам преку пенџерињава. (Ѕирка од прозорецот да види дали е уште тука).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Имаш право. Хибриди на креацијата ја возат релацијата. нурната во обично небо птица со златест сјај сонувачи ја зборат ликот не и го знаат но златен пердув наутро им ѕирка од газ „Успехот танцувал сред беспрекорна насмевка“ Margina #19-20 [1995] | okno.mk 65
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Зошто тој црн Онисифор, без влакна само во подмолните очи, носи златна обетка на левото уво?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Косите, повеќе лилави отколку црни од јад или побелени од спомени, ѝ ѕиркале од под забратката и биле некако призалепени за скаменетото лице што не познавало насмевка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јаснотија ѕирка од зад синилото на хоризонтот. Јасни мисли, бистри, а на душа и намери чисти.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Секавиците на студот, како остри мразулци, ѕиркаат од твоите очи, покажувајќи го разочувањето пред јавниот поглед на луѓето – му објасни старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се качи горе. Неговата глава ѕиркаше од горе и ѝ се смееше. Ја подигна шапката: „Збогум, Кора.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)