Зошто го велам тоа? Да ѕирнеме низ меѓичката (!?), уважувајќи го ефектот на ретроспективна дисторзија: „ти си ми како дел од телото, како раката”, зборуваше таа исчезната хероина во набабрените - можеби би згрешиле ако кажеме: облаци; мевови („вреќи на зборови”, како што би рекле одредени африкански врачеви*) под таа оцртана површина.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ноќта игуменот чу тропкање по чардакот; наштути, стана од креветот и ѕирна низ прозорецот од одајата; на месечевата светлина го забележа Наќа кој помина држејќи дрво в рака и се упати кон одајата на полковниците.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Надежда ги ладеше камењата во дворот и ја прскаше земјата, од која, кога ѕирнав низ прозорецот, видов како се крева пареа, ја прскаше земјата, за да може потоа да смете.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Попот го остави алатот на клупата, која му се служеше и како стол и како тезге за работа, поинаков, скоро непознат, без магија, во стари панталони и во кошула со многубројни риги: го загледува довчерашниот свој противник и сака да му ѕирне низ очи во душата, да најде што смислил тој и не му готви ли примка.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Уште неколку минути му беа потребни да се качи на сеното и да ѕирне низ вратничката од каде што ноќеска пукаше во волците.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Питропот Танаско често се допираше до вратата, наслушуваше да чуе дали чука, дали работи: ако не чуеше чукање, ќе ѕирнеше низ клучалката да види што прави.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Претпазливо ѕирна низ сивиот плот потоа ја отвори дрвената врата и ме повлече во дворот, во густ босилек и во некое жолто ситно цвеќе.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се качував на столчето и ѕирнав низ прозорецот.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Сетне веднаш си заминуваше и ќе се вратеше најмногу по два дни, за да побара малку поголема сума од вратената.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ниту цело буре вино не ќе го одвратеше на излегување, во последен миг, пак да ѕирне низ вратата и да праша „Туку, можеш ли да ми помогнеш, само за кратко време...?“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Но на сето тоа му дојде крај, кога еднаш жена му на Оруш, случајно или намерно дојде во плевната; виде дека вратата е одвнатре заклучена, ѕирна низ цеповите и ги забележа на сеното.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)