Додека повеќето од тајфата одеа пешки, вооружени со пушки, со стапови, со крстови а стапови и со торби, за да имаат во што да грабаат од народот, сам тој, Партениј, јаваше на бел коњ, сиот позлатен и накитен со мониста и со пувки од коприна.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Овдека, во Лазарополска црква, во која Ѓурчин бил насликан како јава на коњ, се чувала Ѓурчиновата сабја (лекувала од уплав, им ги олеснувала тешкотиите на родилките и тешкотиите при умирањето на оние кои грешеле во животот) и книгата, во ракопис, што сам тој, Ѓурчин, ја напишал за себе и за својот живот, а во која ги споменувал и нив, жителите на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Некои ја виделе како јава на крилест змеј над блиската клисура, слетувала крај водите и се вовлекувала во пукнатините на стените од каде, по неколку дни, исползувала како темно сива змија, долга и уплавна.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Попладнето се покажаа офицерите јавајќи на коњите.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Навлегуваш во музиката и патуваш. Јаваш на секој зрак светлина.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Стипцосаната земја, над која пловат зачаденост и црни испарувања на тага, ја ора усвитено железо и ја јалови оган, по нејзините врвици и библиски беспатици јаваат на коњски костури апокалиптични рицари - чумата, поморот, алчноста, бесот:коњските узди се густ сплет на змии, здивот на јавачите е сув ветар од кој и коренот на кровот се суши; зад нив останува трага: дрвени крстови, плочи со камени чалми, несобрани трупишта, урнатини.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
ПОЈ(АВА) - „Пој е појава!“, рекол мудро Конески додека појадувал со П. Вулкански. „Личи на Витгенштајн...“, рекол П. В. „А ова, ви се допаѓа: една фантомска појава јава на ној низ умерено студениот појас!“ „Појасни малку... “, рекол Б. Конески и си го извадил појасот, толку непријатно му било. „Пој е појас за спасување!“, рекол за крај П. В. „Личи на Сивија Плат“, рекол Б.К.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Се крстел јавајќи на несигурна гранка и ги гледал како што можел светец од височина да гледа куп ѓаволи со крмначки опаши.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се собрале околу дрвото на кое бил качен и го молеле да се симне.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Напред колоната јаваше на зелен арапски коњ прилепскиот кадија и беглер-беј Арслан ефендија, средновечен човек на 40-45 години, строен Турчин, со одвај пробелени брада и коса, живи големи црни очи, долги засукани мустаќи, широко чело и плеќи, малку покус врат, добро угоен, богато облечен по ориенталски, со голем турбан на главата и сребрени пиштоли за појасот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ја гледаше јасно дупката во ѕидот, но не знаеше колку време јавал на куршум ниту кој го испратил на такво патување.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
А да не спомнувам дека сенката до тебе и не беше само привид туку Елена, Твојата Лена што јаваше на атот по распеаниот макадам на ослободениот град!? (Чудесен дар на сончевата неисцрпност).
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
- Да не си изморен? - А, не! На враќање цело време јавав на коњчево.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Гледа: на креветот паднала рамката со неговата слика од ѕидот, која го удрила по глава во моментот кога тој, јавајќи на коњот во сонот, го потчукнувал со креветот ѕидот и таа се откачила.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)