7.6 Стоев така збунет И ми се јави Мајка И ми рече: Крени ја раката, Допри го моето чело!
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
— Море тој не е дете, бег шо ќе го залажуваш, — се јави мајка му место него и го зеде шеќерот од бегот, знаејќи дека Толе нема да посегне со своја рака да го земе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кога си далеку Кога си далеку, пролети утринум се покажуват ветрови кои умеат да гатаат, ќе те допрат, ќе те помилуваат, ќе ми ја поземат раката и ќе ни речат: еве, сега ќе ти се јави мајка ти.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
На седмиот ден решив да ѝ се јавам по телефон: се јави мајка ѝ, јас се претставив (реков: „Јан Лудвик овде, другар од училиштето“); таа рече: „Жал ми е, Луција е болна“ (реков: „Ох, колку ми е жал. Мојата Луција е болна?“)
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Не го гњави детето Љупчо, се јави мајка му, која седеше на СИНГЕР машината за шиење.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Токму тогаш телефонот заѕвони и се јави мајка ми: - Здраво Ведан, што правиш? - ме праша.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Но на кој оган да гори моето тело фрлено меѓу дрвјата нагризани од црвојадина?
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)