Како, божем, ќе сме оделе во станот на момчето да играме карти и да јадеме сендвичи и пици.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Пикник и Ризо седеа на браниците јадејќи сендвичи и пиејќи кафе.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Не може човек да ослабe ако јаде сендвич со три плескавици, два слоја кашкавал и три реда потпечени сланинчиња; можда и може, ако го залие со литар и пол Дајет Коук и го корегира со две–три Кит–Кет наполитанчиња.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
И вистина е дека предмалку јадеа сендвичи.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Мислам дека јадеа сендвичи со колбаси или со виршли, а кога ќе загризеа од сендвичот сместен во најлон- ќеса полната уста ја вадеа од најлонот каде што сендвичите беа заштитени и веројатно разговараа за мене бидејќи со главите покажуваа кон тремот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И покрај молбите и наговарањето од страна на медицинските сестри, не сакаа да јадат сендвичи и да пијат млеко.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ми се насмевна кога ме виде.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Не, јадев сендвич по патот, навистина не сум гладен, - се обидов да се оправдам, а и кажував вистина.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)