На друго место, Лиотар вели: Еклектицизмот претставува нулта степен на современата општа култура: луѓето слушаат реге, гледаат вестерни, ручек јадат во Мекдоналдс а за вечера јадат локални специјалитети, во Токио се мирисаат со париски парфеми и се облекуваат „ретро“ во Хонг Конг; знаењето е нешто што им припаѓа на ТВ игрите.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Понекогаш при јадење заспиваше со лебот во уста или со лајцата в рака како да ќе продолжи да јаде во сонот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тоа што се работеше не го интересираше, само имаше потреба тоа што го јаде, оревите или јаболката, да ги јаде во присуство на луѓе.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Нормално, многу малку се зборуваше додека семејството Адам појадуваше на масата, јадеа во тишина што никогаш не беше непријатна.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Вујкото, ограбениот маж, кога си дошол на себе и кога сфатил колкав срам ќе јаде во селото ако се врати без жената и штотуку роденото, кон грабнувачите ја насочил полицијата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
„Кога доаѓаш во туѓа куќа спиеш и јадеш во онаа одаја што ќе ти ја покаже домаќинот“, рече некој трет.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
НАЦА: Доста, бре, папагал!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
СПИРО: А, Анастасијо, Анастасијо, нека ти е алал лебот што го јадеш во оваа куќа и уште од малечка името што го носиш: измеќарка на чорбаџи Теодос!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
– „Ах, јас сиромав, си рекол сам со себе, дали така ми било речено, наместо од прасе месо да јадам понапред, сега си јадам жаби; наместо јагули и риби напред што јадев во златниот град Прилеп по ладните меани, сега си јадам гуштерици и кауѓерици.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Стигнав во Бутел. Во капелата. На одарот беше Вангел Скендеров. Вујко ми. Им се придружи на Димитар, Софија и Пане Скендерови.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Следното на што се сеќавам беше солзата на син ми која капна во супата што ја јадеше во ресторанот и направи крукче меѓу зеленчукот и тестенините.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Наместо да си јаде во „Маргер” дојде кај мене во биртијата.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
- Манго е едно овошје што мама и тато го јаделе во Египет.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Риба вие немате, чкембето го јадат во градот, значи месо.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Ах јас сиромав - си рекол сам со себе - дали вака ми било речено, наместо од прасе месо да јадам понапред, сега си јадам жаби; наместо јагули и риби напред што јадев во златниот град Прилеп по ладните меани, сега си јадам гуштерици и кауѓерици.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Нека ми е уѓе: на таква глаа таков брич, што го велит тој збор татко, ем ак имам што го велит, чунки сѐ што ме учеше и ми велеше, сѐ по глаа ме удри. Ах, Боженце, и ти златна Богоројце!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)