Даниел се движеше со голема брзина во својата сопствена орбита, една во универзумот на другите, сите јуреа кон дестинациите и кон судбините што не беа нивни избор.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тогаш тој луѓето, граѓаните на целиот свет, ги виде како огромна толпа што безглаво јури кон својот неврат...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Повторно јурев кон содржината на новата депеша.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Еби го со колот в грклан, И за побратимот Пеце, Убиваше, сега умира и моча под себе, Убавина, ова е убавина, Му го фатив јазикот, помогнете ми да му го извлечам од уста, - но дел од оние што не можеле да се допрат до глекавиот куп месо и крвиште јуреле кон белецот и го заплиснале со секири и го боделе со колови, и тој белец, со богата грива но веќе со неколку црвени риги преку кожата, 'рзнувал и се пропнувал пред безмилоста сѐ додека не ги оставил уздите на жилавата гранка, да ѝ се извлече крвав на одмаздата и да ги остави луѓето со запенети муцки, и тие со една и само своја реченица: Имавме секири, ножеви, колови, сега имаме пушка и јатаган и уште двајца мртовци, Коњот не требеше, животинка е, И коњите не им се поарни, носам јас на грбов стари удари на копита, А мене денес копито ме поткачи по коленово, Можело и погоре, имаш пет деца, Молкни, секирава моја уште е жедна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А Сатирот, телохранителот на мојот претседател на Републиката, панично јури кон мене, оддалеку ми вика, ми се жали, ја бара мојата интелигенција.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Се уривале еден со друг, никогаш позли, со груби гласишта слеани во една невозможна, збревтава и скоро бесмислена реченица: За душа на Јане Крстин, в око, рамно в око со тој нож.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И додека траат концертите, коли и автобуси јурат кон Свети Аиљ и се враќаат, одам на Свети Илија и на ритчето од кое на дланка легнува малото Преспанско Езеро, околните планини, полето преспанско, запалувам свеќа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Боже, со каква брзина јури кон мене а сепак уште не почнала ни да се зголемува.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)