вас (зам.) - во (предл.)

Сега слушам дека е кај вас в затвор.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Има многу новини, но кажи ми ти како е кај вас во јункерското училиште?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Еве, носам книга да потпише.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ние 5-6 души Македонци и во военото училиште основавме таен револуционерен социјалистички кружок.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
При сѐ што беше речено погоре за новото течење во развивањето на националното самосознавање кај нас, ми се чини оти мнозина од вас во моите мислења и зборови ќе видат само една мистификација.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас тука со бог и душа чекам, а вас во Франција ќе ве носат, - завидливо рече Љаке.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На онаа станица одново се слуша, „О, каков прекрасен свет“, а на друга, преку две вртења на стрелката: „И јас ќе останам со вас во чамецот...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Си дозволив да Ве слушам, бидејќи ме привлече Вашата мисла. Се согласувам со Вас во потполност.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Инаку, ви испраќам малку бомбони да се засладите и едно ново кафе: кафето е од таму кај вас во Европа - од Швајцарија. Не знам дали го има во Македонија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Јас сум слаба, стара жена, а кај вас во куќава нешто недобро се случува.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ја слушнав и караницата меѓу вас во оние денови кога ја натеравте тоа да го чини; таа ти се спротивставуваше, плачеше, паѓаше во несвест, но твојот бес и закана ја тераше да попушти.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
277 Несомнено дека претседателот на Националниот комитет на Југославија, Јосип Броз Тито, морал да ја смири настанатата ситуација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На 14 декември Тито испратил телеграма до ГШ на НОВ и ПОМ со која ги запознал дека на „протест на Англичаните и Американците, ние ги оставаме и натаму нивните воени мисии кај вас во Македонија, исто како и советската“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
СИВИЌ: Кај вас во служба? А господин Херцог?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ова утро, според информациите од медиумите, се дознава дека ноќта била мирна на ридовите над Тетово.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И деновиве кога ја добив веста од Фајар, како и гласовите на солидарност од моите читатели, од вас во прв ред, зборот Шапоно продолжи посилно и почесто да одѕвонува во мојата меморија!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во првите денови на мај 1999 година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ќе заборавев: пред пет дена добив картичка од вас во која се претставени двата брега, албанскиот и македонскиот, на Охридското Езеро со поглед на Поградец, што вие сте ми ја напишале на 18 декември 2000 година!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На вратата се заврте кадијата и им викна на децата: – Сега ќе пуштит Ибраим вас во дворот да играте во бавчата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Јас ќе пратам вас во еден убав дома. Во еден сарај, конак.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И како што гледате – покажа на себе – некако поарно сме од вас во сенешто.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ги собра една вечер и им го кажа последниот аманет: - Мајка не најде место за вас во Цариград.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Ајде напред, брзо!“ реков, но не можеше брзо; полека, како стари луѓе ја поминувавме снежната пустелија; долго по нас одекнуваше нова, но погрешна детска песна: „Веселете се, о пациенти, лекарот е со вас во постелата!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А никој од тој подвижен џган пациенти ни со прст да мрдне. Измамен сум! Измамен!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)