вас (зам.) - дека (сврз.)

А и да се пофали некој меѓу вас дека бил на летување во тоа и тоа село, тоа „не пали“, не предизвикува таков восхит кај слушателот како ако се рече дека некој бил на Родос, Крф, Палма де Мајорка!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Јас ве лажам. Татко ми никогаш не рекол за вас дека сте „примитивец”. Напротив.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Сигурен сум во сите вас дека ќе му помогнете на Влатко да се вклопи во наставата и според сопствените желби во воннаставните активности.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)