Туку, да ве запознаам, Костадин го знајте, а ова е Петар Димоски, нашио нов даскал во училиштето „ Вук Караџиќ “, свежо вратен од студиите во учителската школа во Скопје. Ова е Томаица, ова е Христина.“
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Ја погледна во очи и ѝ рече: „Петар Димоски. Чест ми е да Ве запознаам.“
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Еве, го видов, а и тој мене ме гледа – весело му се обрати таа. – Ме гледаш ли, бе, или да ги кренам ролетните?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Но, сега ми текна, јас пропуштив да ве запознаам вас двајцата. - Што имаш да нѐ запознаваш?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
ПАНАЈОТИС: Како сакате господа. Сакав само накусо да ве запознаам со тоа што ќе се работи тука. Таков е редот. (На Киро) Каде е другиот работник?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Како геј-идентитетот, романтичната љубов – особено кога настапува како вистината на нашите најдлабоки чувства, како некој вид цврста емоционалнa подлога – овозможува алиби и покритие за срамните подробности на геј-сексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, како го окончуваш она што, кога првпат си се впуштил во него, си решил – во интимен обред на потврда што си го одиграл пред сите пријатели кои свечено си ги задолжил да го посведочат – да го викаш „доживотно сопатништво“?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Наместо да речеме „Седнете, ве молам, имам нешто да ви кажам“, сега можеме да речеме „Мамо, тато, да ве запознаам, ова е Ленс“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А откако ќе се оконча, како си го нарекуваш следниот љубовник?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Велиш ли „да ве запознаам со вториот доживотен сопатник?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
“ Колку тоа животи мислиш дека имаш?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ни овозможува начин на кој желбите ќе си ги претставиме во јавност без да прикажуваме премногу настраност и ја препакува геј-еротичноста во честит, достоинствен, општествено оверен облик.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Романсата ја искупува хомосексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој е добар шахист, знаете”, лежерно рече владиката.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Вчера. Чудно дека не Ве запознал со средбата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- Жалам моите информации ако ви заличиле на ефтини досетки – реков – само посакав да ве запознаам со фактот дека еден ден заедно со ноќта не бев со себе си.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
-На В. Зрновски ќе му биде пријатно да ве запознае.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Веројатно можете да си претпоставите какво е тоа чувство на испразнетост кога и самите не знаете како ви се измушнало времето што исчезнало, каде ве оставило вас и зошто го сторило тоа? Со каква цел?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Таа пак, ах, ќе морам еднаш со неа поподробно да ве запознаам, - таа имаше свој метод на казнување, совршено подруг од оној на татенцето, но по суровост беа мошне блиски.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тишината ја наруши строгиот глас на вториот член на комисијата, – А сега да ве запознаеме со пописот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Од поодамна имам желба да ве запознаам.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)