ве (зам.) - најде (гл.)

Надвор, кучко касапцка! Па си дошла млеко да ми носиш, пците главата да ви а носат со таа песјачка Маловата; триста алови да ве најдат, да рече господ златен и свега неделичка утрешна!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се оттргнуваше од таа занесеност кога до неа допираа, како далечно шепотење, зборовите на дедо: - И кога дојдов до претсело, враќајќи се од пазар во Костур, каде за секого купив подароци, тогаш истрча тоа пусто куче на Нановци и гав од тука, гав од ваму, јас брани се со стапот, ама тоа а да ме касни, а да се фрли врз мене, пат не дава да поминам и јас, видов не видов, му го фрлив фустанот што го имав купено за Циљка и така си дојдов дома жив и здрав и вас ве најдов уште поздрави...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога љубовта ќе ве најде, пуштете го сидрото, спокојно легнете на нејзините гради, таа ќе ве чува, ќе ве храни, таа ќе биде вашиот мирен дом.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Таа е сјајот во вашите очи, топлината во вашата душа, таа е светиот шепот и благослов, таа е божја убавина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- О, тука сте биле, го завртев градот за да ве најдам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
ЈОРДАН: Добре ве најдов!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
БОЖАНА: Добро ве најдов.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ЈОРДАН: Која Матковица?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
АНЃЕЛЕ: Добро ве најдов.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ФРОСА: Добро ве најдов. Ај, со здравје да си оди, добри абери да си слушаме. (Ѝ ја подава погачата).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ФРОСА: Добро ве најдов... Што правиш ти, арна си?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНЃЕЛЕ: (се крсти). Ај, шуќур каде ве најдов сите здрави и живи! Пак за радост од Ана да ви идеме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
БАБА АНЧА: Добро ве најдов.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Добре... ве најдов... (крадешкум ја погледнува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
НИКОЛАЌИ: Добре ве најдов...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ВАСИЛКА: Добро ве најдов (оди кај Антица која стои понастрана и ѝ пушта рака). Ти, Антице, како си?...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
РАЈНА: Ве барав. Не ве најдов на време. (Пауза) Цела ноќ се молев. Свиња утринава му го изеде увото на Боге.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Во селото рекоа дека ќе ве најдам, та кинисав низ планините.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А под карпата тесна дупка во која, при првото нурнување напипав опашки на крупни риби. Аха, ве најдов!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)