Владичкото ќе си го плаќаш и готово: само барај некое чупале, оти вој пезевенк ве остави та бабата веќе не може да а гледа куќата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сепак, не треба да се заборави дека треба да се издржи до нејзиното самодавење, а тогаш или ќе ве повлече и вас или ќе ве остави историски дегенериран од нејзината долга, глупава и напорна пракса.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ајде, па ќе гледаме, ќе правиме. Белки господ без среќа не ве оставил...
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
ТРЕТА ПОЈАВА ТОМЧЕ И СТОЈАНКА
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ај да ве оставам малце насамо, да си ги искажете маките, ама само малце, и чесно!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Мои гости сте и јас да одам в село, а вас да ве оставам, е, тоа не бива.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
(Салонот на Панајотис. Велков седи сам. Се огледува во огледало. Пауза. Влегува Панајотис.) ПАНАЈОТИС: Господине Велков, простете што ве оставив да причекате. (Велков станува, се поздравуваат, повторно седнува. Седнува и Панајотис. Пауза. Тишина.) Повелете.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Зар мислите дека ќе ве остават да умрете?
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Таквите полека почнувате и да ги одбегнувате, не сакате да соработувате со нив, зашто знаете, како што тоа се вели, дека можат да ве остават „на цедило“ или да ве наведат „на тенок лед“.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
„Дојде крајот и на нашето“, му вели Турчинот на дедо ти, „белки во поголема среќа ќе ве оставам од онаа што ја немавте“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Што ќе речете ако Ви раскажам дека синоќа додека Вие овде... шушукавте со Ивана за неговото бегање во Америка, моите луѓе долу во потонот за малку што не го заклаа вашиот маж затоа што, целата ноќ, по оној дожд, се движел околу куќава за да не Ве остави сама?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)