ве (зам.) - пречека (гл.)

Да ве достасам, да ве пречекам одспортива посилна од вас!...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Со тоа ќе се обележи триумф на сендвич државата и секој втор транзициски Македонец што работи како таксист, а со самиот влез на триумфалната капија налетуете и на циганите кои ќе ве пречекаат скокајќи у прљавата фонтана. Страшен призор на триумфот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
„И, како ве пречека дед Павел?“, прашав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Уште им се живи гласовите на тие несреќници што ви излегоа на патот да ве пречекаат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Си знаевме, од прикажувањата на дедовците, дека страв лозје чува па се здадовме на молчење, а и што друго би правеле кога уште на аеродромот ќе ве пречекаат воени стражи со пушки со многу долги цевки, што друго би правеле кога исти такви пушки со исти такви цевки ќе видите и пред хотелот и во хотелот и кога рецепционерот пред да ве запише во книгата на гостите ќе ве предупреди многу да внимавате и да не се оддалечувате многу - никакви самотнички прошетки, романтики, зјапања во ѕвездите, никакви ти реков-ми рече муабети со минувачите на улица оти мигум можете да останете со полна уста и празни џепови.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ќе се разделиме надвор каде што пред четири години првпат ве пречекав.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Ќе си одите, ќе ве пречека тој што ве чека... Но јас? Кој мене?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)