— Море ми, да ве пушчиме, токо којзнае дали сте за вера; да не ни донесете некоа беља, оти едвај истераме едни силници, сакаа да не изгазат преѓеска.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Баш нема да ве пуштам. Вие војници сте или
баби? Спијте надвор - ене ви клупи.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ќе речам на клучарот да ве пушти да влезете...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Трговецот влезе во ќелијата.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
„Шо прајте ле чупина тука? Оти не сте кај стрико? Кој ве пушти?
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Не знам како ќе ве пуштиме сами на летување штом сте такви. Којзнае каква беља може да направите. Довербата ја прокоцкавте – строго ни се обрати на двете.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ние молчевме. Снеже под око ме погледнуваше одвреме-навреме и ми даваше скришни знаци да молчам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
— Мори, како ве пуштиле вака? — Ете, така...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Со мангариве, ќе купам куќа и ќе ве пуштам да спиете сите во неа, дуваше Пенчо во стаклото.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
„Во ред. Ќе ве пуштиме. Само да заврши прошетката по парков, и ќе ве пуштиме.” И тоа ја смируваше Криста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа потоа молчеше ден или два, а потоа одново бараше да оди дома. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)