Јас и нему му раскажував за вас, па сега и тој е нестрплив да ве сретне.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Каква среќа што ве сретнавме, велат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќе одберат некое помазно парче момирок и ќе напишат: ,Бидете здрави и поздравени". ,Чувајте се за нас, ние копнееме за вас". ,Ве мислиме како свои жени". ,Ако ве среќаваме на сон, зошто да не ве сретнеме и на јаве".
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Пушка имам, не се плашам дури и сам да сум. - Пушката ќе ја оставиш, го пресекол Онисифор Проказник. - Ќе ве сретнат, ќе се посомневаат на вас.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Зошто да не појдеме ако можеме нешто да сториме за дружинава, се развеселил Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стоев така замислен на брегот, размислувајќи за новите предизвици на денот, со мисла нишана од сините бранови, го заушив познатиот глас на градинарот Раиз: - Знаев дека ќе ве сретнам на брегот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Картагинските статуи, тука веднаш крај морскиот брег, крај напуштените форуми и арени, го продолжуваа вечниот сон. Само лицата со време им се обезличуваа. Бавно замираа...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Проклет да бидам, тогаш тој како да не беше на земјата, беше страшно да ве сретне неговиот поглед. - Видете го Трифун Трифуноски, - ќе речеше некое од децата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)