Катерина кон пладне ме извести дека не треба да ја чекам. Ќе се вратела дури вечерта.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Научно. Естественица. Ќе ве упатам, не сме сите еднакво учени.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Но ќе ве упатам на искуството на билките во оваа смисла и ќе напоменам дека и тие веројатно на сличен начин постапуваат не само при ‘ртењето и при расцутувањето или во добата на плодовите, туку , за жал, и во појавата на неминовноста што ја означуваат нивните жолти украси на смртта.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Неодамна видов една картичка што ги определува координатите на сопственикот со три реда бројки: бројот на поштенскиот фах; телефонскиот број и E-mail адресата: John Miller 90210-5499 (212) 555 1212 100322, 9999 И додека во малите градови луѓето сè уште знаат каде живеете и можат да ве упатат ако барате некого (свртете десно зад амбарот...) основната конверзација денес се одвива околу начинот на кој се праќаат пораките од Compuserve, via Internet, до некој друг систем.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Се надевам дека можете да си претпоставите како ќе се чувствувате кога ќе ве упатат во темна просторија за која знаете дека е исполнета со таинствени појави и други стравотии?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Веднаш ќе ве упатам на потребата од отворање на портата на друг медиј, кој било, кого што дури можеме да го наречеме автореференцијалност или рамка.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)