Тандаре-мандаре, ајце, дојдете вие селаните под пушка, гинете, нека ве јадат вошките, дајте сѐ што имате, а вие, пролетерите, де, кои си имате само по две раце останете си дома, по кафеаните во градиштата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Вас луѓето не само змиите да ве јадат, ами и орлите да ве кинат, чунки у вас милос немат.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
За бадиала ви е муабетот, за бадиала сете благословии. Не се страмите, страм да ве јаде!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На неколку чекори го запре и му викна на стрика си да појде кај него, па му вели: — Ќе ве јадат шо ќе ве јадат виа пци, токо баре ти си помлад, гледај, позацкри се дури да се врата та ќе дојдиш со мене.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)