ви (зам.) - звучи (гл.)

Не сте сигурни од каде демне заканата само гласот ви звучи сосема обично неначнат од грдите претчувства.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Требаше да се видиме вчеравечер, во 19 часот – рече Грофот, но тоа не личеше на обраќање кон мене туку гласно искажување на она што го пишува на листот на неговото биро.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа ви звучи неверојатно, но животот е полн со изненадувања.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)