Го имате веројатно почувствувано тој вид затскриеност: како кога се преправате дека не ја забележувате бубачката што ви лази по најчувствителното место на лицето само за да им го наметнете на присутните впечатокот за својата отсутност.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Да, навистина, тоа чудовиште од службеник се однесуваше како да бев бубачка што тој за среќа не ја забележува; како да бев воздушеста состојка што потсетува на човешка фигура и тоа благодарејќи само на сакото што сум го наметнал преку непостоечките рамиња и, исто така, на навлечените којзнае на што панталони.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)