Писмо напишано со камејна На М. Цепенко - Господи мил, та нели ука Ти немаше и нели писмо не знаеш Ти а велиш писмо ќе ви напишам?
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Што се случи, каде е детето скриено во ова писмо?
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Во книжевноста, на пример, на некој бирократ- рецензент треба да му тупнете сто марки да ви напише една тажна страничка безличен текст.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
И користам прилика да ви напишам додека не се дојдени болничарите пак да ме врзат...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Зошто би можело да ви послужи?
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но бидејќи имав намера да ја читам оваа книга кога ќе биде објавена, јас би можела да ја прочитам и пред тоа и со задоволство ќе ви напишам за моите впечатоци.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но тоа е долга историја, ќе ви напишам другпат.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но никако не можам да го фрлам книжево и ништо да не ви напишам.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Драги пријатели, екологисти, посакуваме да ни дојдете, па да ви го покажеме сето ова за кое ви напишавме.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ех, би сакале да ви напишеме: имаме цветно шеталиште од двете страни на Луда Мара - украс на градот, собиралиште за деца и млади, одмор за нашите баби и дедовци!!! Ама ништо од тоа!!!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)