„Господ?” „Ха, и тој ништо не прави додека не му помогнеш: ако не ви подвикнев јас под кошарата и ако не го удрев барабанот низ село да се расчуе, Профим ни за жива глава немаше да ти ја даде; вие сѐ уште ќе се криевте и ќе си ги боцкавте фелките по сламата...” чкрапаше со очите Бандо.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Да не поведов случајно разговор со ништожества“, ви подвикнав.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)