Оваа техника на пишување одбивна критика е толку препознатлива што само една реченица ќе ви покаже кога е употребена - а тоа е многу покомплицирано, отколку просто да се кажат некои потценувачки нешта за книгата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
А тоа ние го направивме за да ви покажеме дека нашата емиграција знае кои причини ве натерале да кренете толкав шум против егзархијата и толку клевети против народот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Нам не ни допушта местово да ги изредиме сите ваши филолошки и етногравски блујаници, со кои обилуваше вашата статија, и сите гнасотии и клевети што ги упативте не само на егзархијата туку и на сиот бугарски народ и да ви покажеме кој пцуел вие или ние.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Што требаше да биде тоа „Ќе ви...“? Ќе ви покажам јас вам, или ќе ви дадам отров, или ќе ви ја заебам мајката и сестрата и сѐ живо и мртво, или ќе ви стокмам слика од мене да се крстите пред неа, или ќе ви го сторам ќефот, ќе ве најадам и ќе ве напојам, или ќе ви ја земам силата, и така обесилени, ќе клечите пред мене и, тресејќи се, ќе молите и ќе чекате, оддалечени долу, под моите коленици.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Гласно рече: „Да ви беа празни џебовите, веќе ќе ви покажев.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Сакам да Ви покажам нешто во една од салите на нашиот музеј. Потоа ќе Ве оставам сам да го доразгледате”.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сигурно! Вие си играте со него, а тој си страда. Ама сте никаквеци! Затоа тој убаво ќе ви покаже!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
- А сега ќе ви покажам каде се опив за првпат. Еве, во ова паркче.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Се разбира, јас немам при себе таков плод за да ви покажам и практично на што личи кога ќе ви се најде најаден во раката, но вие, таму, горе, во вашиот свет, го имате тој плод во изобилство!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- „Се надевам дека овде има телефон“ -рече Марија. - „Секако“ -ѝ рече жената. - „Таму ќе ви покажат“.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Но, пред тоа, морам нешто да ви покажам. Повелете, качете се.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Марија потрча кон влезот на зградата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Кулава што ја гледате, сакам да ја изградам за Париз, за Франција, за светот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)