И еве како десет и повеќе години - напролет, пред да започнат полските работи, и наесен, откако ќе завршат тие - петмина одбрани мажи, заедно со него, со Максима Акиноски, ги абат праговите на властите во Прилеп и Битола и молат да им се издаде одобрение да си соѕидаат црква.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)