ги (зам.) - бацува (гл.)

Изгледаше Петре толку покорно, небаре ѝ ги бацува крупните нозе на Тодора, со тврдите петици кренати нагоре.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Некој ќе клекне и ќе ги бацува шините, се моли да го однесат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трајаница, карпа престорена, лице камносано, очи потемнети, усни закатанчени - се ничкоса пред свекорот и свекрвата и фати да им ги бацува стапалата.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
ПАНАЈОТИС: (Ѝ ги бацува рацете) Не смееш Елена. мораш да престанеш. За моја љубов. Разбираш? Елена. ЕЛЕНА: Влегов. ПАНАЈОТИС: Само се мачиш.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Се колнам во верата, совеста и честа дека ќе работам на ослободувањето на духот со сите мои сили и средства и дека никогаш нема да ги предадам тајните на револуционерното дело, а ако тоа го сторам, да бидам убиен со овој револвер или со оваа кама што ги бацувам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Каде уште може да се оди, кажи, таму ќе одиме. (И ги бацува рацете. Се обидува да ја крене од земја.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Почнува да му ги бацува петиците. Плаче. Се тресе.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Меѓутоа, тој се враќа, застанува пред Неда, не може да изусти ни збор, но затоа се наведнува, ѝ ги бацува двете раце и излегува. Излегува, немајќи сили да се сврти.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
имаше еден безбожник којшто призна дека кога му било најтешко, пак, на небото му се помолил, пак верувал дека нема господ, ама друг и немало до него и устата сама му се отворила да го моли господ, оти тогаш може да ти помогне само тоа што не е до тебе, тоа што не го гледаш, што не го познаваш, што не си го сретнал, господ мора да е и овдека и онаму, вели Илија Јованов, господ мора да е насекаде и затоа не можеме да го видиме и тогаш пак го гледаме офицерот, се враќа: дали сте биле војници, прашува, не, не сме биле, кажуваме, е отсега ќе бидете, вели, смртната казна ви ја заменувам со казна на прва борбена линија, вели, ќе потпишете дека доброволно се јавувате, ќе потпишеме, велиме, како не ќе потпишеме, таму барем може и да преживеете, вели, е ти благодариме, господине, велиме, ти отсега си ни господ, велиме, и одиме му ги бацуваме рацете, колената, чизмите, не бацувајте ме мене, туку потпишете овдека, ни вели, имате штастие, имаме, велиме, и среќа и штастие имаме, сигурно дека е пијан, си мислиме и нѐ одведоа во некоја касарна, ни дадоа алишта и плачките ни ги вратија после пак ни ги зедоа, ама тогаш ни ги вратија, само парите не ги вратија, пари не ви требаат, велат, оти одиме на фронт кон Турција или во Македонија. 122
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)