ги (зам.) - бричи (гл.)

Сега имаше повеќе време да шета со очите по нејзиното голо тело и забележуваше дека со влакна е обрастена насекаде: на градите, меѓу дојките, по рамењата на рацете, на нозете, дури и под носот како мустаќи кои ги бричи и напудрува за да не ѝ се забележуваат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Пак и мустаќине ги бричел, како сега овде в град, та ела познај го.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Да знам кој се, велам, со секира би ги бричел. Ама не знам, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
КАТА: Што ти знам јас од каде и од како. Нели ги бричат...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)