ги (зам.) - брцне (гл.)

Додека ние со попот се редевме на мостот за фрлање на крстот, жените дотрчаа со снопчињата и се наредија крај реката под мостот за да можат да ги брцнат снопчињата во крстената вода веднаш штом попот ќе го фрли крстот и да му се помолат на бога годината да биде бериќетна.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Дедо Гога навистина се налути и ги брцна рацете во изворот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тие ме боцкаат под гушата, ама пак не ме колат. Јас само чекам да ги брцнат штиковите, да ми го прекинат јадот, маките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дедо Гога навистина се налути и ги брцна рацете во изворот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)