Наркосите секогаш се жалат на Ладнотијата, ги подигнуваат крагните на црните капути и ги вовлекуваат своите збрчкани вратови...вистинско џанк-фолирање.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ја вадевме фиоката којашто беше над заклученото шкафче и ги вовлекувавме детските тенки раце низ празнината, со прстите набрзина зграбчувавме од локумот и си стававме по едно локумче в уста.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Фукоовата анализа на Паноптикумот ни дава опис на тоа како механизмите и структурите на овој модерен систем на моќ всушност ги вовлекува индивидуите да соработуваат во потчинувањето на сопствените животи и на објективизирањето на нивните тела; за тоа како стануваат “доброволни” учесници во дисциплинирањето, во контролирањето на сопствените животи.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Овој модел воспоставува систем на моќ во кој: • изворот на моќ е невидлив за оној којшто таа моќ најсилно ја доживува, • индивидуите се изолирани во своите искуства на потчинување, • индивидуите се субјекти на “посматрање”, • за индивидуите е невозможно да определат кога се изложени на надгледување и испитување а кога не се, и според тоа тие мораат да претпостават дека секогаш се надгледувани, • индивидуите се поттикнувани постојано да се вреднуваат себеси, да се контролираат себеси и да работат на своите тела и души за да ги направат послушни, • моќта е автономна сѐ додека тие кои учествуваат во потчинувањето на другите, следствено, се “инструменти” на моќта.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Механизмите на овој модерен систем на моќ ги вовлекува во она што Фуко го определува како „технологии на селф, кои им овозможуваат на индивидуите да ефектуираат, самите или со помош на другите, одреден број на операции на своите тела и души, мисли, однесување, и начин на постоење, така што се трансформираат себеси за да постигнат одредена состојба на среќа, чистота, мудрост, совршенство, или бесмртност“ (1988, стр. 18).
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ги полневме своите малечки грстови вода. Ги вовлекувавме длабоко в земи и те поевме.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Според Ѓорче, таа постапка била принципиелно неправилна, зашто на некаков начин изгледало дека Комитетот тука (во Софија - б.м.) се грижи да задоволува одделни амбициозни групи, отцепници, да ги придобива на своја страна и да ги вовлекува во Внатрешната организација како надворешен елемент...
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Лука Карер знаеше дека нивниот потег е многу ризичен и дека во животна опасност ги вовлекува и семејствата на оние чесни луѓе што прифатија под својот кров да ги примат прогонетите сограѓани.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во таков случај репресалиите на Германците ќе го ставеа во ризик целиот остров.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Јунаците на Живковата Пасквелија вијат оро на манастирската чистина, а сончевата синевина ги вовлекува омекнатите мозоци во усвитен вител, што стврднува во бетонска смеса од ракија и пиво.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)