Но, сега, Татковото присуство, неговата егзотична појава, откако ги вознемири партиските власти, поради неговиот непартиски статус, ги збунуваше муслиманските верници, токму поради спротивното, сметајќи го Татко за партиски функционер, дојден со некаква итрина, да ги лиши нив од светите книги кои, еве, со векови, не ги допрела човечка рака.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Овој час наш човек ми кажа дека овие дни — салам и тој не знае кога — ќе имаш гости од планина.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кога се разбра таа работа, ниеден полчишец таа зима не прејде преку река да ги вознемирува Дунчани.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јузбашијата, уште не седнат убаво, го дочитуваше краткото, но јасно писмо од кајмакамот, кое со својата содржина ги вознемири претставителите на султанот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се скарале во Градешница две жени на чешмата, која прва да лее вода.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Што ли има во ова печено тесто што толку силно ги вознемирува сетилата?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ова е тикуш печен во сач?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И вратата има свој метален, сив дупликат, кој автоматски се затвора откако ќе се притисне копчето за катот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Се најдоа пред некоја пресушена чешма... споменик од партизанските денови со срп и чекан врежани во каменот... не се најдоа, туку беа седнати на два стола со грб еден кон друг... како да беа наместени за почетна сцена од енкоја претстава (куклена?)... но тоа воопшто не ги вознемири... напротив, таа поза на вкочанет живот им се чинеше дури обредно-свечена... се вртеа бавно... како во сон... додека не се соочија... со несентименталниот објектив... и додека апаратот чкрапаше почувствуваа... неѕависно еден од друг... нејасно... нешто се менува... и нема да биде онака како што беше... и кога столовите ќе останат празни... а потоа ќе останат празни... а потоа ќе пристигнат следните анонимни седачи... враќањето во колорот, пред телевизорот во станот на г-нот И., е кога ја даваат временската прогноза.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Уште повеќе ги вознемирила една вест што дошла од странство.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Гемиџискиот канал бил доста длабоко и можноста да се открие била мала, но тоа не можело да не ги вознемири атентаторите.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Но, и покрај сѐ, од службениците на легациите се очекувало да ги спречат „непријатните инциденти кои можат да ги вознемират САД“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Многумина од нив на тој пат и страдаат.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Она што луѓето најмногу ги вознемирува не е потребата да ја потиснат желбата, туку потребата да го сокријат она што го сакаат, го работат и мечтаат.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Смалени се издатоците за институционално згрижување на ментално вознемирените личности - луѓето кои, според општото мислење, се неспособни да се грижат за себе без да ги вознемируваат другите.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Кризите ги погодуваат екстремно страсните и сензуелни врски, а во несексуалните односи тоа се доживува како мамење.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сето тоа брезничани ни малку не ги вознемири, бидејќи нив љубопитството по шарените работи и по новите работи одамна строго им беше контролирано од проверените празни џебови.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тоа не е ново прашање бидејќи ги вознемирува луѓето откога нашите очи станале недоверливи, значи барем од предсократовските времиња навака, иако својата вистинска острина ја добива со почетокот на новото доба.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Сите лелекаат дека никако не можат да го сфатат и тоа ги вознемирува.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Можеби ќе ја викнеше на помош и баба Цвета. Можеби ќе ѝ телефонираше на мама, на тато. Ќе ги вознемиреше на работа.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
- Да беше тука баба, ќе кренеше викотница: - Оф, јас сирота, чедо на баба!...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Подобро. Спокојно ќе си легнам - зборував сам со себе.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)