ги (зам.) - голта (гл.)

Но, ниеден одговор не останува на небото, затоа што тоа е огромно, бесконечно па ги голта сите можни одговори, некогаш уште пред да значат!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Други трчаа со гранки во рацете обидувајки се да го изгаснат големиот оган што им ги голташе куќите...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Правам илјада чекори, ги голтам цвеќињата – трчам, ги допирам а од место не мрдам.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Тетка Анѓа ниту ги меле, ниту ги меси: ги вари и просто неџвакани ги голта зрната.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Освен, се разбира, и лековите, аналгините, диуретиците, витамините и седативите, кои сам си ги препишуваше и ги голташе со грстови, за главата, за срцето, за џигерот, за желудникот, за нервите, со што ќе најдеше во чашата - од вода до вино преку ракија - борејќи се против несоница, депресија и безволие, воопшто од безизлез.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Остануваат некои зборови, слики, бескрајното чекање на нешто (чувствуваш?) неизбежно, нечие доаѓање, ѕвонење на телефонот, адреналин, будењето на мрачниот ѕвер, убиство на времето, ненадејно отворање на вратата... остануваат валканобелите ѕидови обременети со тишина, ги голтаат погледите и те оставаат самиот на себеси, безброј прашинести утра кога се откажуваш од својата НАМЕРА, а стакленото око ти го нацелало грбот, подготвено да го испука бесмислениот истрел... остануваат меките, пренатални допири на темнината, ококорените, црни пукнатини на времето меѓу скаменетите бранови на празнината, пополноќните прошетки низ мртвиот град и она скокотливо чувство на необјаснива слобода што ја чувствуваш додека чекориш по пустите улици (стариот Витмен тоа чувство го знаеше подобро од мене)... остануваат порозни делови од едно филтрирано сеќавање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Феј Данавеј ги џвака, ги голта и ги плука сценографијата, сценариото и другите глумици – суптилноста и чувствителноста се на отсуство додека водат дречливите бои, бучните заплети и настапот на една дива во споредба со која најдоброто од Бети Дејвис изгледа никакво.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Општествените практики што не се кодирани како конвенционално машки – како што е уредувањето цвеќиња или танцувањето – бргу и необмислено се кодираат од нашите општества и од нас како женствени (иако деталите може да варираат од едно до друго општество: на пример, пекарството се кодира како женствено во САД, а како мажествено во Франција).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога страсната заинтересираност на некој маж за конзервација на историски предмети или за реставрација на дела од некој период се доживува како знак дека тој го има „психолошкиот карактер на жените“ (да се послужам со формулацијата на Едвард Карпентер), тогаш општествениот јазик на родот набрзина се преведува како природна стварност на полот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Екстатичното обожавање на дивите од светот на операта или од светот на популарната музика можеби не е баш најбуч-работа, но тоа не значи дека е женствено – во смисла на тоа дека жените како група голтаат изведби на Марија Калас или на Џуди Гарланд во иста мера во која ги голта Руфус Вејнрајт или дека се јатат на опери како што се јатат околу тезгите со шминка или дека собираат спотови од Шер или од Мадона од страв да не ги сметаат за неженствени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, не сѐ што не се квалификува како вистински мажествено, според крутите општествени критериуми чија цел е да ја чуваат чистотата на таа ретка и скапоцена суштина, мора да биде женствено.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
-Далечината ги голта луѓето, кога кога тие се оддалечуваат од нас.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Многу имиња, лица, очи, образи, настани, места, доживувања, случувања ги голта времето и безмилосно ги истресува и ги праќа во заборав.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но Петар, како човек кој во душата никогаш не го засака пишувањето, оти се раѓаш или како писател или како рибар, не сфати дека не е важно дали сите тие луѓе кои жедно ги голтаа нивните проповеди и поуки ќе им ги разберат зборовите токму онака како што тие, проповедниците на Радосната Вест, сакаа да бидат разбрани.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Рада без можност за одбрана беше принудена сосила да ги голта сите навреди.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сам за себе си мрмореше и си мислеше како е подобро овде на раат да си ги изџвака залаците отколку дома да ги голта под надзор на неговата воинствена мајка. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тогаш во центарот на виножитото се појави црна дамка која со отворена уста почна да ги голта сите бои, една по една.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ноќта почна да ги голта и последните сенки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во твоите очи го видов мирот и спокојот кога „лотосот“ ги голташе првите голтки на животот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Темнината веќе ги голташе слабите зраци што идеа од вратата, останата некаде далеку горе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Секогаш ми горчеа и сирупите и капсулите што моите деца ги голтаа на сила, а мене ми го дереа грлото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во сестринската соба возбудено се обидував да им раскажам дека лековите не ги голта, тој, а тие се смееја и тогаш дознав дека тоа се витаминчиња, а дека секој 21 ден добиваат по една депо-инјекција и дека се раат до следната, а овие другиве, ситни разнобојни таблетки се само мамец и дека можат и без нив.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не му се дели од нас, му навираат солзи, ама ги голта. Не ги пушта на земја, не остава да му се видат... 222
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
сите почнавме први, вели Силе Плевнеш и едната рака си ја потклава под главата, си прави визглавје, сака да спие, и така ќе се умира, вели, барем наспијан да умрам, далечен е патот до небото, треба одморена да ја пуштиш душата, а јас ништо не сакам, вели Стеван Докуз, само да се најадам, до гуша да се наѕидам и пак почнува да цимолка и да си ги голта солзите, искрен е Стеван Докуз и во плачењето и во јадењето, никогаш не му било доста јадењето, ламја е Стеван Докуз, машина, чапја, коза пропрсната, е што да правам кога мислата само на тоа ме тера, вели, ќе се сетам на шумата наша и пред секое заспивање си мислам колку би било добро и шумата да се јаде, да можеш ко коза да ѝ влезеш, од Зајгазица, или од Чучка, или од уште подолу, од Задмартинец и да фатиш да си кубиш, да си брстиш, со ред, стрижи, кастри, наполни го мевот, напиј се вода и легни си под некоја најширока бука што ќе те павка и ќе те брани од мувите и од сонцето, а кога ќе огладнеш пак стани, и пак брсти, стрижи, мели ко гасеница, 120
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние ги објавуваме белешките водени за време на нивното искуство - и последиците од него
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Петок, 16.30 Ги голтаме малите ронливи другарчиња, а времето надвор како да го Екстази означува почетокот на летото. Гулапчиња, за секого по едно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Песниве кратки, но остри ко боцки, ги голта душава, ко шеќерни коцки.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Таа ги голташе и со нетрпение го чекаше следното издание.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Повеќе дуќани почнаа да се затвораат, дуќани на рисјани и дуќани на Турци, а оние што останаа отворени ги голтаа во својата длабока темнина главите на замолчаните дуќанџии.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ако сѐ уште ја игра играта на мачка и глушец, тој процеп постои за лесноумните: ако не е така, крај е на сите стравови, зашто самиот крај ги голта нив како смок.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ја пие густата чорба, ѝ доаѓаат мевца и без да ги разџвакува, ги голта и се обидува да открие дали некој го заушил нејзиниот старец, дали не ќе проговори Чана дека и нему треба да му се тури од чорбата!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И затоа фармацевтската индустрија цвета од продажбата на антидепресантите што Американците ги голтаат ко да се базока-мастики.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Градот е сив, градот е див во градот се чуствува огромен јаз го газат бездомници и криминалци а градот загаден сите ги голта Се шири смрдеа од ѓубре и стока дрогирана нација плаче за Европа од зградата копа мирис на манџа целото маало во канџа на ганџа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Градот е ѓавол, градот е зол градот сурово наденува на кол преполн со завист, нанесува бол загадочен исто ко Гордиев јазол Премногу фарси, премногу маски градот е подготвен сѐ да прими премногу надежи, премногу лаги а градот загаден сите ги голта
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
...од крвавата тетратка на седумнаесетгодишниот лунарен поет распарчена од бајонетите на практичните бојници преку збрчканата европа што тревожно се пресметува со аристотеловскиот артритис кон вратоломиите на воените коњи во пенливиот базен совршена капија на холивудското враќање во праисторијата (навистина) сјајнокожната глутница е убедливо добра додека алчно ги голта сребрените рипчиња на кои не им преостанува ништо освен да бидат проголтани неминовно болно но егзотично чисто тоа Ам сигурен сум ќе влезе меѓу најуспешно снимените кадри на природна исхрана сочувано како такво во куќните видеотеки на страстниците прикажувано на тајните сеанси на видеомастурбантите што возбудени се надвикуваат чуствувајќи како повторно ќе им прсне слепото црево...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
СТОЈАНКА: (Поцрвенета од срам.) Повели! (Ги голта солзите.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СТОЈАНКА: (Липајќи.) Збогум... (Отидува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Пожарот ги голта со подеднаков глад презрените, прерано остарени бескуќници, градските врапци, тираните, донжуаните.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Гледа скришум кон рововите и знае што мислат тие таму и кои делови од нејзиното тело ги гледаат и ги голтаат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мајка ми ја отвори и почна да чита. Читаше како да ги голта страниците, толку брзо прелетуваше преку редовите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сега ќе ме подберат, ќе ме соберат, си велам и се готвам да си ги голтам забите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Застанав зад луѓето и им ги голтам зборовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И јас ќе гледам така и ќе си ги јадам солзите, ќе си ги голтам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да си ги голтам и да си ги плукам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ве читам, вели. Многу сте биле писмени, сакам да му речам, ама си ги враќам зборовите, си ги голтам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги голтам, ги бришам, а тие пак си стојат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поим немам како ѝ успева толку брзо да ги прочита. Како да ги голта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ни мајка ми, ни брат ми, ни татко ми не ѝ се рамни. За мене и за Саше да не зборувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)