Баба му најмногу се беспокоеше дали ќе ги бендиса јадењата што ги готви, и питите што ги меси.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Мисионерката и не претпоставуваше дека куќарката во која престојуваа е оддалечена само половина километар од најблиската воденица, и дека токму во таа воденица, три умешни селанки ги расукуваат корите за пити и ги готват сите оние јадења за кои таа имаше многу високо мислење.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
ќе бараш наслови за следните книги
Бесови песни, Лажна смрт, Плодни денови
поетите ќе ги распознаваш по интонацијата
а времињата и приликите според употребата
на заповедниот начин
карфиолот и модрите патлиџани ќе ги готвиш
без рецепти, така што да побудуваат носталгија
по домашно огниште и другите туѓи именки
сеедно по којпат, сега чекаш
- чекањето по дефиниција е бесконечно -
можноста да напишеш песна лебди во собата
како можност за љубов, како самовила
цела како јајце, како гром, како Господ цела
челото го збрчкуваш
пред карстната перспектива на иднината
и ги трошиш последните резерви надеж
- тебе речиси непотребни.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ја сакаше нејзината насмевка додека го послужуваше нешта што - кога ќе се погодев со нив, ќе спомнев онака отстрана - почнала самата да ги готви и кои тој искрено ги фалеше зашто тие за него имаа двојна сласт.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Очекувајќи ја, Јехуда мислеше на неа и времето во работа му минуваше неосетно, сè додека, стоејќи во прикрајок од неговиот дуќан да излезе понекој задоцнет муштерија, Алгра не се појавеше на вратата од неговиот дуќан и не му ја положеше главата на градите, симнувајќи му го кројачкото метро од вратот со едно долго повлекување. Така од квечерина на квечерина Алега и Јехуда сè потешко се разделуваа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)