Умрените овци дедо му ги дереше, а со месото ги хранеше кучињата, но и од самата помисла да се зафати за такво нешто, на Бојан му стануваше лошо.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Правдата со скршени нозе ги убиваа и ги товареа на други или ги дереа, ги распарчуваа и ги носеа горе. За месо.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А таа гранката, луѓе, на тој дабот, како порачана на неа да ги обесуваме кучињата, Како што се имавме договорено, ние требаше кучињата да ги тепаме овде, а после Крмакот со неговите луѓе да ги зема и да ги дерат на земјата од дупката каде што ги фрлаа мршите.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Ги запнуваат овците на ченгели по дрвјата и ги дерат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Ти ќе ги дереш кучињата зашто сите кожи мора да бидат собрани и испратени во Комитетот“.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Но гласот на Глигор му ги дереше ушите и ги гонеше магловините од неговата свест и ја разголуваше болката за нешто загубено без што овде е штуро и неподносливо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Овде веќе не ќе можете да нѐ фатите и да ни ги дерете кожите како тогаш...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)