Некои паѓаат од коњите, други ги дигаат и сами пијани, но благодарејќи на убавото суво и топло време, немаше опасност ни од кал ни од простуда.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Го поткрева главчето, ги дига раменцата игра со рачињата, мавта со нив во иднината. целото зацрвенето како огног во прекршениот леб, како чистата зора во згаснатите ѕвезди.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Работеа во Грција, градеа некаков санаториум крај маслинките на едни стари гробишта, подалеку од градот, ѕидаа повеќе зданија, а оној работеше на сонцето од сите тие денови, ги дигаше како од шега сите оние огромни блокови делкан камен, а неговата црвена коса како да расцутуваше на сонцето на тоа лето, беше постојано среќен и широко насмеан, со сите нив околу себе, со сите ѕидари и со сите деца, секогаш готов да стори нешто за секого од нив со оние огромни пегави и црвено издамчени рачишта да им помогне, а при тоа и да им се насмее со она свое големо лице, на кое постојано зрееше едно огромно задоволство со себеси и со сите други доста поситни од него луѓе, што се грижеа за него и што го слушаа со задоволство како труби неговиот глас меѓу ѕидовите, среќни со неговата момчешки несмасна шега.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тогаш, еден по еден, тие пак настануваа како месечари и си ги зафаќаа своите места на прозорците, сите со по еден грч што ги правеше голи, стегаше од под очите и им ги дигаше тие делови од лицето нагоре, нагоре.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од сите прозорци, од сите врати, од сите процепи на бараките, сите ѕидари и сите малтерџии го гледаа пак оној човек, оној Големиот Ристан, целиот заскокан, како елен, како ги дига и ги префрла камењата од старите гробови, како ги дофаќа и ги фрла сите тие огромни стари ќиури, како ги заиверува еден во друг и како притоа камењата испуштаат црвени огнила.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Поверувал дека некоја надеж му го измазнува лицето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пред тоа повисокиот тревар со тврди прсти му ги дигал клепките од очи и се веднел со шушкав здив над студените болки; сега и тој гледал кон волето на покојниот Дмитар-Пејко.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Луѓето ги оставаа убавите куќи, топлите одаи, богатите градини зад куќите, ги оставаа дрвените кревети, долапчињата, садовите што ги имаа присобрано или откопано од дворовите и градините, си ги врзуваа старите пљачки во бовчи, ги префрлуваа изврзаните кокошки преку рамо не водејќи сметка дека ќе бидат испосрани, ги дигаа сламариците со сѐ прав, болви и раздробена слама - се преселуваа околу огнот на дедо Костадин.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
3. Зад огромните магли што ги дига ветрот во твојата пустина Матно во погледот нешто се престорува во вода И капка по капка во коренот на сончогледот паѓа.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)